Карвахал кариерата ја продолжува во Серија А?

0

Дани Карвахал би можел да ја продолжи кариерата во Серија А, откако шпанскиот дефанзивец е понуден на неколку италијански клубови. Карвахал летово го напушти Реал Мадрид по 13 години во првиот тим и моментално е без клуб. Според Фабрицио Романо, неколку клубови од Италија добиле можност да го ангажираат 34-годишниот десен бек како слободен играч.

Милан се споменува како една од можните дестинации, но засега нема конкретни преговори со „росонерите“. Карвахал не планира да стави крај на кариерата и сака да остане во европскиот фудбал. За него постоеле понуди и од Катар, но приоритет му е нов предизвик кој ќе му овозможи повторно да се натпреварува на високо ниво.

Со Реал Мадрид тој одигра 450 натпревари и освои 27 трофеи, меѓу кои и шест титули во Лигата на шампионите.

ПретходноГолчишта на Ајер и Кансело, Португалија ја продолжи победничката серија