Лаутаро и официјално меѓу топ напаѓачите на Аргентина

28

Репрезентацијата на Аргентина во пријателски дуел ја демолира селекцијата на Буркина Фасо со 7:0, а она што мора да се напомене во оваа прилика е рекордот на Лаутаро Мартинез.

Тој реализираше во првиот дел од овој дуел, и со тоа, го израмни рекордот на сега пензионираниот Серхио „Кун“ Агуеро од 42 гола.

Со ова Лаутаро влегува во елитното друштво напаѓачи на Гаучосите и само двајца се поефикасни од него.

Батистута е втор со 54. гола додека неприкосновен секако е неповторливиот Лионел Меси со 125 гола.

 

ПретходноЗидан со суперлативи за Кристијано Роналдо: Поради него освоив многу трофеи
СледноЛесно е кога си Златан…. за роденден легендата си купи најново Ферари (ВИДЕО)