Македонскиот репрезентативец, Лејсон Зеќири доби големо признание за неговите добри партии изминатиот месец. Зеќири кој настапува за Башкими од Призрен е прогласен за најкорисен играч за месец септември во шампионатот во Косово.
За селекторот, Хозе Мариа Берокал добрата форма на нашиот репрезентативец е одлична вест бидејќи Македонија ја чекаат два нови дуели во претквалифиакциите за пласман во квалификациите за ЕП 2029 година.
Зеќири и неговиот тим славеа против актуелниот првак Трепча, а тој имаше придонес од 10 поени и осум скока, претходно во дресот на Башкими испорача 17 поени.
Косовската лига од година во година оди напред, па конкуренцијата станува се поголема и играчки, но и според буџет.










