Работнички тргна со победа во Струмица

71
фото: КК РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ (FB)

Кошаркарите на Работнички со победа ја започна сезоната во македонската кошаркарска Суперлига, откако на гостувањето кај Струмица 2005 стигна до триумф од 85:92.

Еден од макеоднските кошаркарски великани, успеа победнички да тргне во новата сезона, откако во текот на целиот меч одигра доминантно и не дозволи противникот да дојде во ситуација да им ги замрси сметките.

На полувремето Работнички водеше со 55:73, а до крајот домашните успеаја да ја намалат разликата. Ефремовски со 29 и Рикиќ со 20 поени беа најефикасни кај Работнички, додека кај Струмица, Крафорд беше најефикасен со 31 поен.

ПретходноКалин почна со победа на турнирот во Палермо
СледноПознати судиите во Швајцарија: Летонци на центарот во Луцерн