У18: Пораз од Црна Гора на првиот тест во Охрид

109

Репрезентација на Црна Гора до 18 години славеше со 1:0 против Македонија во првиот од двата пријателски натпревари во Охрид.

Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во 71. минута, кога Арда Илјазовски си постигна автогол.

Црногорците најголемата шанса ја имаа во 39. минута, кога Марк Ѓокај ја погоди стативата по асистенција на Петар Радомировиќ.

Вториот дуел меѓу Македонија и Црна Гора ќе се одигра во вторник, 6 октомври, од 11:00 часот.

ПретходноЛесно е кога си Златан…. за роденден легендата си купи најново Ферари (ВИДЕО)
СледноКалин почна со победа на турнирот во Палермо