Дарија Крстевска со нов младински национален рекорд во Полумаратон

35

Македонската атлетичарка Дарија Крстевска, членка на АК Олимп, постави нов национален рекорд за младинки до 20 години во полумаратон, откако на своето деби на оваа дистанца оствари резултат од 1:25:42.

Крстевска го подобри досегашниот младински национален рекорд за 6 минути и 44 секунди. Претходниот рекорд изнесуваше 1:32:26 и беше во сопственост на Даниела Кулевска, поставен на 15 март 1998 година во Скопје.

Со тоа, Дарија собори рекорд стар повеќе од 28 години, и тоа уште при својот прв настап на полумаратонската дистанца.

Покрај националниот рекорд, Крстевска го освои и шестото место во генералниот пласман, а беше најдобропласирана македонска натпреварувачка во женска конкуренција на скопскиот маратон.

Ова е 5-ти младински рекорд за Дарија оваа година.
ПретходноФудбалерите полетаа за Швајцарија, Алиоски вратен во списокот!
СледноАлкалоид и Вардар без грешка, ГРК Охрид – разочарување на колото!