Ни Мурињо не му може ништо: Еве како Мбапе вози велосипед!(ВИДЕО)

68
ФОТО: Real Madrid FC/FB

Едноставно Килијан Мбапе си тера по свое. Ни Жозе Мурињо не му може ништо. Францускиот ас се повреди на натпреварот на репрезентацијата против Турција на 25 септември, поради што мораше предвреме да го напушти теренот, но само неколку дена подоцна, најдобриот стрелец на Реал објави видео од себе како вози велосипед на социјалните мрежи. И ништо од тоа немаше да привлече толку внимание ако мадридските медиуми не го поврзаа целиот случај со изјавата на Мурињо, очигледно инсинуирајќи дека првата ѕвезда на тимот со „педалирање“ всушност не го почитува португалскиот стручњак и правилата што ги воспоставил тој.

„Не станува збор само за договори и за тоа што е напишано на хартија, туку и за тоа како пристапувате кон работата. Играчот не треба да скија или да вози велосипед бидејќи може да падне, да се повреди, да скрши нога или рака. Поради тоа, може да пропушти пет или шест натпревари, па дури и повеќе“, рече Хозе во една прилика.

AS пишува дека по новиот испад, јавноста во Мадрид почнува гласно да зборува за тоа како Мбапе и Реал дефинитивно „не се сложувале“, а во една колумна, новинарот Алберт Масну дури отворено вели дека Французинот станал токсичен.
„Секогаш кога се поставува прашањето за Килијан Мбапе во Реал Мадрид, одговорите речиси секогаш водат до истиот заклучок: тој има дозвола од клубот за сè што прави. Сепак, навивачите повеќе не веруваат во такво објаснување. Наместо тоа, има сè повеќе луѓе кои веруваат дека играчот не се вклопил целосно во Реал Мадрид, или дека клубот едноставно не го зел под свое крило на правилен начин“, се вели во текстот на мадридскиот весник.

ПретходноНационалите тренираа на помошен терен! (ФОТО)
СледноГотово е: Хари Кејн и Баерн се разбраа за продолжување на договорот!