Македонската фудбалска репрезентација до 21. година денеска го игра последниот меч од актуелната квалификациска кампања. Избраниците на селекторот Александар Таневски од 18:30 часот на Фалкон Арената во градот Фалкемберг, ќе го одигра дуелот против домаќинот Шведска.
Ние во овој репрезенаттивен прозорец, веќе одигравме пријателска средба со Русија на ФФМ, а потоа и ремизиравме со Црна Гора 1:1, во Битола на Петар Милошевски во претпоследното коло.
Сега, имаме задача колку толку на позитивен начин да го довршиме овој циклус, во кој што на табелата во моментов сме предпоследни со седум бода. Гореспоменатото реми ни донесе еден, а шесте преостанати се од двете победи против Ерменија.
Селекторот Таневски по втор пат ќе ја води селекцијата во овие квалификации, откако речиси целиот циклус го одработе неговиот претходни Горан Станиќ. Тој доби отказ на две кола пред крајот.










