Висар Муслиу: Мора добро да размислиме како играме!

34

По мечот со Шкотска, искусниот стопер Висар Муслиу како да беше најразочаран и кажа дека репрезентацијата не е зае*анција. Тој не го криеше своето разочарување од игрите на нашата репрезентација.

Во сличен тон Муслиу искоментира и на денешниот прес во Луцерн во пресрет на утрешниот меч со Швајцарија:

„Минуваме низ еден тежок период затоа што изминатите осум години покажавме навистина добри резултати, па јавноста ја навикнавме со позитивни резултати. И, по мечот со Шкотска истакнав дека репрезентацијата не е зае*анција. Тоа е еден вид самокритика кон сите нас кои сме во репрезентацијата дека мора да го ставиме прстот на чело и да размислиме добро како играме на терен и колку даваме се од себе“ – истакна Муслиу и продолжи…

„И ние сме луѓе, имаме емоции и нормално кога има многу навреди кон нас нималку не е пријатно чувството. И ние сме свесни дека играме лошо, но токму во тие моменти најмногу ни треба поддршка, затоа што најмногу ние самите сакаме да биде подобро. Инаку Швајцарија не е силна селекција само во офанзивата. Тие се исклучително силни почнувајќи од голманот па до самата офанзива. Ако сакаме да бидеме успешни утре мора да дадеме повеќе од 100% од себе. Само така може да им парираме“ заврши Муслиу.

ПретходноСедлоски: Знам што правам, утре ќе има новитети!