Нов убедлив пораз на избраниците на Станковски

129
ФОТО: FFM.MK

Во пријателски натпревар на селекции до 16.години, Македонија попладнево беше убедливо поразена во Струмица од соодветната селекција на Русија со 1:3. Ова е уште еден убедлив пораз на избраниците на селекторот Горан Станковски од Русија, да се потсетиме дека пред некој ден резултатот тогаш беше 1:5.

Алабеев во 26.минута стрелаше за 0:1, Лисов во 65.минута зголеми на 0:2, Македонија потоа намали на 1:2 во 76.минута, за да во 85.Храбров ги постави конечните 1:3 за гостите од Русија.

Уште еден слаб настап на наша младинска селекција, уште еден убедлив пораз. Ништо ново.

ПретходноШК Алкалоид со нов турнир во чест на 50-годишниот јубилеј
СледноСАД доби нов најмлад стрелец во историјата (ВИДЕО)