Селекторот на Швајцарија со три до четири измени во составот за пресметката со Македонија

104

Додека македонската фудблска репрезентација се подготвува да полета за Швајцарија, противникот ја заврши официјалната прес-конференција пред утрешниот меч.

Селекторот на фудбалската репрезентација на Швајцарија, Мурат Јакин, кој има перфектен скор, три победи во исто толку одиграни натпревари, пред новинарите најави дека ќе направи измени во составот, но не откри ништо конкретно. Заедно со своите соработници конечната одлука ќе ја направат после завршување на последниот тренинг, кој се одржува во овој момент.

„Откако почетните единаесетмина останаа непроменети во вториот и третиот натпревар, ротацијата ќе се направи против Македонија. Во зависност од неговите впечатоци од последниот тренинг, националниот селектор изјави дека има намера да направи „три до четири измени“, стои на официјалниот сајт на фудбалската федерација на Швајцарија. 

Дополнителни детали околку начинот на кој ќе се менува не беа достапни и покрај љубитноста на новинарите.

Претходно„Раната“ остана отворена: И после 13 години Рибери сè уште се опоравува!
СледноФудбалерите полетаа за Швајцарија, Алиоски вратен во списокот!