Гогов: Имаме добра атмосфера и полна сала – доволно за први бодовите во Лигата на шампиони!

70

Вардар 1961 после една недела пауза продолжува со мечевите од Лигата на шампиони. Актуелниот македонски првак и двократен освојвач на елитното клупско натпреварување на домашен терен го пречекува составот на Висла Плоцка, шанса за прва победа после кам-бекот.

Во таборот на „црвено-црните“ се свесни дека ќе имаат тешка задача, но очекуваат добро атмосфера и квалитетна одбрана како против ГРК Охрид за прва радост.

„Не очекува тежок меч против силен противник. Се надевам на добар резултат. Имаме добра атмосфера во екипата и ќе дадеме се од себе пред полна сала да се израдуваме на првите бодови во Лигата на шампионите. Се надевам дека ќе може да одиграме квалитетна одбрана како на мечот со Охрид“, изјави капитенот Васил Гогов. 

Натпреварот се игра во четврток со почеток во 18:45 часот, билетите одмна се пуштени во продажба.

ПретходноПелистер на поправен во Гдањск со ново име во ростерот!
СледноЧупиќ: Во полн „Јане Сандански“ никому не му е лесно