Пелистер на поправен во Гдањск со ново име во ростерот!

91

Пелистер има натпревар за заборав во ЕХФ Европската лига, на домашен терен не само што беше убедливо совладан од Ла Риоха, туку она што го прикажа на теренот беше под секое ниво.

Денеска македонскиот тим против Гдањск на гостински терен ќе има шанса да покаже дека мечот во Битола беше само еден лош ден, а тренерот Лино Червар дека од овој Пелистер може да изгради конкурентен и европски тим.

Во составот на битолчани ќе биде и новото засилување францускиот ракометар Саду Нтанзи кој во меѓувреме беше регистриран и во ЕХФ. Енигма останува Ник Хенигман, кој заработи син картон против Ла Риоха.

Што се однесува до противникот, полскиот тим од улога на аутсајдер славеа против Гумерзбах на гостински терен, што пак ќе биде дополнителен мотив за пресметката против Пелистер, кој на оваа средба не е фаврит.

Натпреварот помеѓу Гдањск и Пелистер е закажан со почеток во 18:45 часот.

ПретходноЗидан: Задоволство е да се работи со овие играчи
СледноГогов: Имаме добра атмосфера и полна сала – доволно за први бодовите во Лигата на шампиони!