Агон Елези: Како да не ни е судено да го дадеме тој гол!

136
Фото: ФФМ

Македонија урива црни рекорди. Нашата А-репрезентација под водство на Гоце Седлоски е осум меча без победа и 720 минути без постигнат гол.

Секако дека и по најновиот пораз, овојпат од Швајцарија, во нашиот табор владее големо разочарување, а Агон Елези посочи дека му е жал:

“„Штета, голема штета, посебно по одличното прво полувреме. Како да не е судено да го дадеме тој гол. Игравме против многу силна селекција. Во првото полувреме бевме егал, а можеби и подобри во поседот на топката и по шансите. 

Го дадовме максимумот, но ни тоа не беше доволно. Навистина ми е многу жал за овој народ кој што дојде во голем број тука, за сите во Македонија, но најмногу за нас. Одлична група сме, сите работиме чесно, а првото полувреме е надеж дека конечно работите ќе тргнат на подобро. Се надевам дека за брзо ќе го израдуваме овој народ“

ПретходноАлиоски: Лесно е да се критикува, треба да учиме!