Ивановски го заврши настапот на Челинџерот во Палермо

1

Македонскиот тенисер Калин Ивановски го заврши настапот на Челинџер 50 Палермо откако денеска во мечот од првото коло по 90 минути игра загуби од Шпанецот Алехандро Моро Кањас со 2-0 во сетови (6-2 6-3). Ивановски претходно успешни ги мина квалификациите откако постигна две победи против домашните тенисери Ла Вела и Арнаболди (двајцата носители во квалификациите).

Во првиот сет ривалот на Ивановски успеа да направи два брејка во четвртиот и осмиот гем и притоа го освои сетот со 6:2 во гемови. На стартот на вториот сет мечот беше во прекин поради дожд. Првите два гема од сетот пред дождот беа исцрпувачки за двајцата тенисери беа одиграни вкупно 30 поени (16+14). По 3:3 во сетот, во седмиот гем Ивановски имаше две брејк топки, но противникот ги спаси и во следниот гем направи брејк и повторно се стекна со предност и го освои сетот со 6:3.

Ивановски за успешно минатите квалификации освои три поени.

Претходно“Термоплан Арена“: Тешка “тврдина“ е стадионот во Луцерн за Швајцарија