Лига на Нации: “Ранетата“ Хрватска на мегдан со страшната Шпанија, Англичаните против Чешка

52
ФОТО:.facebook.com/SeFutbol

Вечерва со десет мечеви од 4.коло завршува овој циклус во Лигата на Нации. За нас најинтересно ќе биде во Луцерн каде играме со Швајцарија.

Дербито се игра во Сплит каде “ранетата“ Хрватска која пред три дена прими седум парчиња од Англија вечерва треба да се “вади“ против страшната, моќната Шпанија, против светскиот и европски првак. Во случај на нов дебакл извесно е дека по само еден месец “коцкестите“ ќе останат без селекторот Славен Билиќ. Секако дека ако има уште еден дебакл, тоа ни Билиќ нема да го “преживее“.

Англија на “Вембли“ ја дочекува Чешка, а во нашата група уште играат Шкотска и Словенија.

Во продолжение можете да ги видите сите двојки за денеска:

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА

А ЛИГА НА НАЦИИ – 20.45 Ч

Англија – Чешка

Хрватска – Шпанија

Б ЛИГА НА НАЦИИ – 20.45 Ч

Шкотска – Словенија

Швајцарција – Македонија

Ц ЛИГА НА НАЦИИ – 20.45 Ч

Албанија – Сан Марино

Белорусија – Финска

Естонија – Исланд

Луксембург – Бугарија

Молдавија – Словачка

Казахстан – Ф.Острови (16 ч)

 

ПретходноМоже ли оваа репрезентација на Седлоски да дојде до сензација вечерва во Луцерн или барем до гол?!
СледноТренер од Јордан за најмладите пинг понгари