Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ го освои по седми пат во кариерата АТП турнирот во Пеникг. Тој во финалето беше подобар од австралиецот Де Минор, кој што го предаде мечот на стартот на вториот сет поради повреда.
Со оваа победа, Новак го освои 102. трофеј во својата професионална кариера и ја продолжи неверојатната низа од 34 последователни победи на турнирот во Пекинг, на кој претходно триумфирал пред 11 години.
Иако во сериозни спортски години, Новак Ѓоковиќ сепак, и натаму доминира во светскиот тенис и поставува стандарди кои реално тешко дека некој во иднина ќе може да ги надмине.










