Нено фантастичен, Арис со нова победа!

162

Веќе нема дилеми дека нашиот најдобар кошаркар Ненад Димитријевиќ е клучниот играч на Арис. Вечерва во својата сала во Солун, грчкиот тим успеа да го пбеди Сан Пабло Бургос со 93:80, во меч од 2.коло во Еврокупот.

Македонецот беше предводник во победата на својот тим со 21 поени, 2 скока и седум асистенции и беше убедливо најдобриот поединец во победничкиот состав а беше во игра 20 минути.

Треба да се каже дека овој меч во Солун траеше 2,5 часа и тоа поради фановите на Арис. Имено на почетокот на средбата тие фрлија неверојатно голем број конфети на паркетот, па чистењето траеше повеќе од половина час.

ПретходноСилва му се враќа на фудбалот: По три години во пензија, повторно на терен
СледноОва се чекаше: Кристијано Роналдо со емотивна порака до Меси! (ФОТО)