Аканџи: На лошиот терен имавме помош од Македонија!

0
Фото: swissnatiman

Швајцарија со перфектен скор во овој маратонски репрезентативен прозорец и максимални 12 бодови, со кои екипата на селекторот Мурат Јакин е сигурен патник во А-групата од Лигата на нации. Две победи над Македонија со по 3:0 и славје во Шкотска (0:1) и дома со Словенија (2:1).

Вчерашниот меч во Луцерн беше нивна потврда за одличната форма, затоа што се чини дека со „пола“ сили стигнаа до посакуваната цел и до убедливи 3:0.

Но, теренот на стадионот во Луцерн беше очаен, полош од нашиот во Скопје, но тоа од нашиот табор не го искритикуваа (не се пожалија јавно), како што тие го направија истото пред неколку дена, кога дуелот се играше на нашиот најголем стадион.

„Не беше лесно да се игра на овој лош терен. Но, на крајот, Македонците беа тие кои со нивните грешки ни помогнаа да дојдеме до победата“, изјави за швајцарските медиуми Мануел Аканџи, искусниот стопер на Интер и капитен на Швајцарија.

ПретходноФилип Кузмановски постави нов рекорд во Гдањск!