Веќе нема дилеми дека нашиот најдобар кошаркар Ненад Димитријевиќ е клучниот играч на Арис. Вечерва во својата сала во Солун, грчкиот тим успеа да го пбеди Сан Пабло Бургос со 93:80, во меч од 2.коло во Еврокупот.
Македонецот беше предводник во победата на својот тим со 21 поени, 2 скока и седум асистенции и беше убедливо најдобриот поединец во победничкиот состав а беше во игра 20 минути.
Треба да се каже дека овој меч во Солун траеше 2,5 часа и тоа поради фановите на Арис. Имено на почетокот на средбата тие фрлија неверојатно голем број конфети на паркетот, па чистењето траеше повеќе од половина час.










