Полјакот оптимист: Интер оваа сезона ќе атакува на трофејот од Лигата на шампионите!

39

Фудбалерот на Интер, Пјотр Зиелински, откри дека главна цел на тимот оваа сезона е освојување на Лигата на шампионите. Полскиот репрезентативец вели дека настапот против Реал Мадрид во Мадрид им дал дополнителна самодоверба.

„Сонуваме да ја освоиме Лигата на шампионите и ќе дадеме сè од себе“, порача Зиелински.

Иако Интер загуби со 2:1 на „Сантијаго Бернабеу“, Зиелински смета дека неговиот тим покажал дека може да се надигрува со најдобрите.

„Не е мала работа да се оди на Бернабеу и да се доминира, да се има посед и да се создаваат шанси. За жал, загубивме, но покажавме дека сме силни“, додаде тој.

Зиелински ги посочи Рома, Јувентус, Наполи, Милан и Комо како главни конкуренти на Интер во борбата за Скудетото.

ПретходноДолгоочекуваниот боксерски спектакл ќе почне во 1 часот по полноќ?!
СледноВисла е нов предизвик: Вардар пред полни трибини ја посакува првата победа во ЛШ