Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски вчера беше на трибините во „Роиг арената“, каде што го следеше натпреварот од Евролигата меѓу Валенсија и Хапоел Тел Авив. Кошаркарите на Валенсија славеа со 93:82, стигнувајќи до четвртата победа во исто толку натпревари во новата сезона од Евролигата.
Димитриевски, кој е член на фудбалскиот клуб Валенсија, така имаше можност од трибините да го проследи успехот на кошаркарскиот тим на клубот.










