Серафимов се враќа на тренинг и ќе биде во комбинација за настап во Европа

43
ФОТО:.facebook.com/levskiofficial

Македонскиот интернационалец и репрезентативец, Никола Серафимов се опорави од повредата на раката. Истата беше доста незгодна, и само струката и третманите го спасија стоперот од оперативен зафат кој што ќе го чинеше повеќемесечна пауза.

Вака, Серафимов беше надвор од терените околу еден месец, и ги пропушти единствено мечевите за националниот тим од Лигата на Нациите.

Тој се враќа дефинтиивно на тренинг на првиот тим на Левски од понеделник, и 99% ќе биде во комбинација се дуелот од групната фаза од Лигата на Конференциите, кој што Левски го игра во Холандија на гости против екипата на НЕЦ Нијмеген.

ФОТО: dsport.bg
ПретходноНовак го освои Пекинг, па испадна уште на стартот во Шангај
СледноРафиња не тренира со тимот и сигурно го пропушта мечот со Гетафе