Тони Крос тргнува во тренерските води

57
фото: Madrid Xtra @MadridXtra (X)

Легендарниот германски фудбалер Тони Крос се подготвува за ново поглавје во својата кариера, овојпат како тренер. Поранешниот играч од средниот ред на Реал Мадрид има намера постепено да се подготви за работа во професионалниот фудбал.

Според шпанскиот весник „АС“, Крос ја известил Шпанската фудбалска федерација дека сака да се вклучи во специјализираната тренерска програма за поранешни професионални фудбалери во сезоната 2027/28. Со успешно завршување на програмата би можел да се стекне со тренерска лиценца УЕФА А.

Крос веќе поседува одредени тренерски квалификации, а во моментов работи и со млади фудбалери во својата академија во близина на Мадрид. Германецот сака да напредува чекор по чекор и да стекне искуство пред да преземе поголема одговорност во сениорскиот фудбал.

Паралелно со тренерските амбиции, повторно се актуелизира и можноста за негово враќање во Реал Мадрид. Односите меѓу Крос и раководството на „кралскиот клуб“, предводено од Флорентино Перез, остануваат одлични, а претходно се разговарало и за можноста тој да добие улога во спортската структура на клубот.

ПретходноНагелсман ќе се врати на клупата на РБ Лајпциг?
СледноНемања Радоњиќ повторно ќе игра за Чукарички