Милан Илоски не престанува да импресионира сезонава, и да биде еден од најдобрите стрелци во се посилната МЛС американска лига.
Македонецот синоќа за својот тим Филаделфија Унион повторно беше стрелец, на трет меч по ред и помогна да се стигне до нови три бода во домашната победа над Реал Солт Лејк од конечни 2:1.
Илоски реализираше за 2:0 на десетина минути до крајот со што ја запечати победата. Тој инаку има постигнато пет гола на последните три мечеви.
Поточно на листата на стрелците на МЛС лигата во моментов, тој се наоѓа на фантастичното трето место со 17 гола и две асистенции, зад хрватот Петар Муса и неприкосновениот лидер во оваа категорија, Лионел Меси кој што има 23 гола и единаесет асистенции во моментов.










