Елмас исклучен во победата на Аталанта

90

Денеска во италијанската Серија А имаме два дуела, а во првиот тимот на Аталанта на најдобар можен начин ја искористи предноста на домашниот терен и славеше против Венеција со убедливи 3:1.

Сепак, за нас е далеку поважно што Елиф Елмас беше во стартниот состав на тимот од Бергамо, но нашиот репрезентативец нема да го помни по добро овој меч иако и асистираше од корнер за еден од погодоците.

Беше исклучен во 89. минута, и доби директен црвен картон.

Мечот реално беше решен по само половина час, затоа што домаќинот веќе водеше со 3:0.

Кеси и на два пати Крстовиќ реализираа, а потоа се беше готово. Иако Хаино намали до полувреме на 3:1, сепак, гостите немаа сила за нешто повеќе на овој меч.

 

ПретходноМожно ли е?…. Антонио Конте блиску до клупата на Манчестер Јунајтед
Следно„Дијамантот“ со потег кој никој не го очекува од него…. старт одзади за црвен картон (ВИДЕО)