Ален Рустемовски и Битола му приредија спектакуларен дочек на бронзениот Арабел (ФОТО)

65

Младиот македонски боксер Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското првенство У17 и испиша голем успех во неговата кариера, но и за нашата држава.

Помладиот брат на нашиот најдобар боксер Ален Рустемовски во полуфиналето беше поразен од Британецот Чарли Кит со резултат 4-1 на шампионатот кој се одржа во Црна Гора.

Во Битола големиот успех на Рустемовски беше прославен како што доликува. Тој беше спектакуларно пречекан од своите браќа, како и од Ален Рустемовски, тренерите, пријателите и семејството.

Рустемовски со бронзен медал и потврди дека македонскиот бокс има уште еден голем талент.

 

ПретходноКристијано Роналдо сè поблиску до големата цел!
СледноПоранешниот претседател на Барселона го нападна Меси: Кој мисли дека е? Нека внимава!