Воркапиќ: Теоретски сè е можно, иако реално веројатно немаме многу шанси

68

Вардар 1961 вечерва повторно ќе ги вкрсти „копјата“ со Висла Плоцк, тим од кого пред една недела беше целосно надигран во СЦ „Јане Сандански“ и тим кој му го нанесе третиот пораз во Лигата на шампиони.

Полскиот тим покажа зошто е еден од главните кандидати за пласман во следната рунда, а истовремено испрати порака до избраниците на Иван Чупиќ дека треба да одиграат максимално 60. минути за да бидат рамноправен противник и да се надеваат на први бодови во ЛШ, натпреварување во кое се вратија после четири години.

Вукашин Воркапиќ смета дека екипата мора да извлече поука од првиот натпревар, да ги поправи грешките и да покаже уште поголема борбеност во Плоцк.

„Теоретски сè е можно, иако реално веројатно немаме многу шанси. Што се однесува до првиот натпревар, не знам дали навистина го дадовме сето она што беше во рамките на нашите можности, но тоа не беше доволно. Навистина се обидовме, но сега мораме да се прегрупираме, да извлечеме поука од грешките и да поправиме сè што може да се поправи. Ќе дадеме сè од себе овој натпревар да биде поинаков, да понудиме уште повеќе, да ги исправиме грешките и да ги освоиме двата бода што сите со нетрпение ги очекуваме. Единствениот начин да стигнеме до тие два бода е со вистински пристап и вистинска енергија. Тоа е суштината. Ќе дадеме сè што имаме“, изјави Воркапиќ.

Натпреварот меѓу Орлен Висла Плоцк и Вардар се игра денеска, со почеток во 20:45 часот.

ПретходноЧервар: Гумерсбах го покажа целиот свој квалитет, очекувам подобар меч на реваншот!
СледноПогледнете го дриблингот: Тоа што го направи Јамал е тешко да се објасни (ВИДЕО)