Прва тренерска смена во Евролигата: Перасовиќ ја презема Басконија

0

Хрватскиот кошаркарски стратег Велимир Перасовиќ повторно ќе ја предводи Басконија, откако шпанскиот клуб постигна договор со него за соработка до 2028 година. Тој доаѓа на местото на Италијанецот Паоло Галбијати, со кого клубот денеска ја прекина соработката по слабите резултати во Евролигата.

За Перасовиќ ова ќе биде четврти ангажман во клубот од Виторија. Тој е добро познато име во Басконија, каде што досега ја предводел екипата на 253 натпревари, што го прави втор тренер со најмногу средби на клупата во историјата на клубот.

Во претходните мандати, хрватскиот стручњак освои Куп и Суперкуп на Шпанија, а во 2016 година ја одведе Басконија до завршниот турнир во Евролигата, нејзин последен пласман на Фајналфор во ова натпреварување.

ПретходноМанчестер Ј. планира да го „украде“ менаџерот на Брајтон