ФОТО НА ДЕНОТ: Струмица ги слави своите млади фудбалери!

85
фото:facebook.com/fkakademijapandev/

Јасно беше уште пред двомечот од 1.квалификациско коло во младинската ЛШ дека Брера е голем фаворит во двомечот со Санта Колома од Андора, но ретко кој помислуваше дека младите фудбалери на овој тим ќе слават со вкупни 11:0. Без разлика на квалитетот на противникот тие денешни 8:0 навистина се за историја, како што е за историја првиот пласман на еден наш клуб во младинската Лига на Шампиони.

Затоа ова фотографија по мечот попладнево во Струмица е и фото на денот за според “СпортСпорт“.

Браво за Брера!

Сега одиме на Хофенхајм.

Претходно“Ќе си поднесам оставка ако врз мене има политички притисок во случајот со Манчестер Сити“!
СледноИнфантино им ветува на сите федерации по 25 милиони долари?!