“Да донесеме радост на цела Македонија, да одиме на уште едно ЕП!“

195

Нашата најдобра ракометна селекција влегува во уште еден нов квалификациски циклус, сега за ЕП 2028. Јасно е дека целта да се продолжи со континуитетот на настапи на големи натпреварувања. Нешто што трае цела деценија.

Во првите две рунди во овие квалификации се среќаваме со Луксембург и Грција. Со две победи и тоа како се отвораат вратите кон пласман на ЕП:

“„Се собравме на две седмици пред почетокот на квалификациите за ЕП 2028, ни следат два меча, еден на домашен терен со Луксембург по што ќе следи и гостувањето во Грција. Селекторот Лазаров во следната седмица ќе го објави списокот, јас накратко ќе кажам дека ќе направиме се, да биде пракса и во иднина – да одржуваме прес-конференција на која ќе говориме за нашите планови и амбиции. Играме во една група во која Шведска е фаворит, Грција е ривал што е незгоден, што покажа во последните година две дека може да се носи со сериозни репрезентации, но сметам дека ние сме поискусна селекција со еден од најдобрите селектори во Македнија, така што очекуваме победа и во Грција, не одиме со бело знаме, сметаме дека сме поквалитетни. Нормално, очекуваме пласман и на ЕП 2028, се надевам дека се ќе биде во најдобар ред, играчите ќе бидат здрави и ќе донесеме радост на цела Македонија“, истакна првиот човек на РФМ, Александар Стефанов.

Селекторот Кирил Лазаров очекува голема битка, посебно на гостувањето во Грција:

„Списокот го планирам за почетокот на следната седмица, ги следиме сите ракометари, така што нема да брзаме со скратениот список. Нема да брзаме, конкуренцијата за секое место во тимот е голема. Нема да потцениме никого, дури ни Луксембург кој доби сериозен селектор откако го именуваше Дидие Динар, легендарниот Французин. Што се однесува до дуелот со Грција, тоа ќе биде вистински, тврд меч само за карактерни играчи. Грците покажаа со победата над Холандија и пласманот на СП, направија големо изненадување и покажаа дека поседуваат квалитет. Тоа ќе биде вистински испит за нас, добро ќе се подготвиме, тоа го покажавме и во баражот со Словачка, треба да продолжиме во исто и во уште подобро темпо во периодот што следи“, изјави Лазаров на денешната прес-конференција.

ПретходноХориха доби зелено светло и ќе го облече дресот на Македонија
СледноЧупиќ: Три меча губиме со по еден гол разлика, тоа боли