За Дрилон Ислами заврши полусезоната!?

105
Фото: ФФМ

Екипата на Шкендија од Тетово, извесен период ќе мора да биде без стандардниот до овој момент, Дрилон Илсами. Тој се здоби со скршеница на десната клучна коска на натпреварот против Шкендија од Арачиново и во овој момент сеуште не е утврдено дали ќе биде потребна хируршка интервенција.

По еден дуел на теренот, Ислами се повреди и мораше да биде заменет и итно пренесен во болница.

Во овој момент, медицинскиот тим на Шкендија сè уште нема одлучено дали за лекувањето ќе биде потребна операција или пак рехабилитацијата ќе може да се спроведе преку терапија.

Во селој случај Ислами веројатно ќе го видиме на терените дури напролет.

 

ПретходноХориха гордо ќе го носи „црвено-жолтиот“ дрес: Македонијо, ти благодарам за љубовта!
СледноЕгнатија и Митјиланд ќе играат во Елбасан