Италијанските клубови во агонија: Еве како изгледа табелата во ЛШ после 2.коло!

108
ФОТО:facebook.com/RealMadrid/

Вчера и завчера се одиграа сите 18 натпревари од 2.коло во Лигата на Шампионите. Спекатакли, голови, мечеви и пресврти за паметење. Посебно се издвојува синоќешниот дуел меѓу Рома и Реал Мадрид, на кој домашните водеа со 3:1, а на крајот беа поразени со 3:4. Интересно сите четири клубови од Серија А во ова коло доживеаја порази. Интер дома беше поразен од Бриж (3:4), Вилјареал го победи Наполи (3:1), Рома загуби од Реал дома (3:4), а Комо од Феенорд на гости (3:2).

Кога сме кај табелата досега девет клубови се максимални со по две победи и со по шест бода.

Тоа се ПСЖ, Барселона, Астон Вила, Штутгарт, Ливерпул, Спортинг, Арсенал, Реал Мадри и Бетис. До крајот има уште шест кола и секако дека работите ќе се сменат.

Ова е табелата по 2.коло во ЛШ:

ПретходноОд безбедносни причини: Откажан е најплатениот тениски турнир!
СледноЛазаров селектор на Македонија и на кадетите на СП