По сите оние возбудувања во изминатите два дена во Лигата на Шампионите, денеска се играат натпревари во Лигата на Европа и Лигата на Конференции. На нив се очекува да настапат неколку наши репрезентативци.
Во ЛК Матеј Гаштаров со својата Ц.Звезда му гостува на Лугано на Езѓјан Алиоски. Овој натпревар е закажан за 18.45 часот.
“Македонско дерби“ во Атина каде се среќаваат Панатинаикос и Борац Бања Лука (18.45 часот). Елмин Растодер како домаќин ќе ги пречека своите репрезентативни колеги Себастијан Херера и Дамјан Шишковски.
Елиф Елмас со својата Аталанта го пречекува Пафос (21 часот) и се очекува сигурна победа на тимот од Бергамо.
Никола Серафимов со својот Левски во Лигата на Европа гостува во Холандија кај НЕЦ Нијменген (21 часот). Македонскиот стопер заздрави од повредата, ама не се знае дали ќе биде стартер како што беше пред повредата на ракарта во составот на шампионот на Бугарија.
Висар Муслиу е еден од клучните играчи на Сент Труден, овој тим игра дома против Ибериа (21 часот).
Очекуваме добар настап за своите клубови на македонските интернационалци.










