Чупиќ: Три меча губиме со по еден гол разлика, тоа боли

90

Македонскиот шампион и синоќа на гостувањето кај Висла Плоцк беше поразен. Вардар загуби со 33:32, и повторно со еден гол разлика. Ова беше четврти пораз за вардарци во исто толку мечеви во ЛШ.

Секако дека имаше големо разочарување кај стратегот на “црвено – црните“, Иван Чупиќ не го криеше исто така разочарувањето по ваквиот развој на настаните:
“Мислам дека од првиот до последниот момент се боревме храбро. Имавме моменти на добра играм, иамвме падови, покажавме карактер, на крајот не успеавме да победиме. Три меча губиме со по еден гол разлика, тоа боли. Имаме млад тим со млад тренер и можеби следната година ќе го поправиме она што не е добро кај нас во моментов во ЛШ. Се надевам дека наскоро ќе почнеме да победуваме“истакна стратегот на Вардар.

Претходно“Да донесеме радост на цела Македонија, да одиме на уште едно ЕП!“
СледноОд безбедносни причини: Откажан е најплатениот тениски турнир!