Алиоски и Арнаутовиќ повторно ќе се сретнат (ВИДЕО)

94

Како најава за вечерашниот меч од групната фаза од Лигата на Конференции, помеѓу екипите на Лугано и Црвена Звезда, покрај фактот што имаме наши интернационалци во обата табора оди и уште еден друг момент.

Искусниот наш Џани Алиоски, кој што сега е дел од Лугано, на Европското првенство во 2021 година имаше „блиска средба“ со репрезентативецот на Австрија, Марко Арнаутовиќ кој што сега е напаѓач токму на Звезда.

Тогаш, Македонија на тој дуел од групната фаза на турнирот загуби од Австрија со 3:1, Арнаутовиќ ја завери победата во последните моменти од мечот и се однесуваше простачки и вулгарно кон нашиот интернационалец.

Потоа, УЕФА спроведе истрага, дозна што Арнаутовиќ му рекол на Алиоски, и следуваше суспензија за следниот меч.

Арнаутовиќ потоа се извини, но грешката остана. Секако поминаа години од тој инцидент, не веруваме дека и обајцата имаат намера истиот да има „второ полувреме“, но со оглед на темпераментот на австриецот со српско потекло и начинот на кој што тој сеуште решава вакви ситуации треба да бидеме подготвени на се.

„Вчера, во жарот на борбата, беа кажани некои остри зборови, за што сакам да се извинам – особено на моите пријатели од  Македонија и Албанија“, напиша Арнаутовиќ тогаш.

 

 

https://www.youtube.com/watch?v=c6_B2oNB5Rc

ПретходноУште едно фантастично додавање на Јокиќ (ВИДЕО)
СледноХориха гордо ќе го носи „црвено-жолтиот“ дрес: Македонијо, ти благодарам за љубовта!