Вујо нема да го води Катар на СП во Германија

0

Веселин Вујовиќ нема да ја предводи ракометната репрезентација на Катар на Светското првенство во 2027 година во Германија. Искусниот стратег не успеал да постигне договор за продолжување на соработката со катарската федерација, а како главна причина го посочува договорот што му бил понуден.

„Не е тајна дека не се договоривме за продолжување на соработката. Не добив коректна понуда по освоениот медал на Азиските игри, каде што ја имав најстарата репрезентација на светот“, изјави Вујовиќ за „Balkan-Handball“.

Црногорскиот тренер сметал дека заслужува договор до мај, со што би ги опфатил и квалификациите за Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година. Наместо тоа, Катарците му понудиле соработка само до завршувањето на Светското првенство во јануари 2027 година.

ПретходноДобри вести од Каталонија пред викендот: Рафиња и Де Јонг се вратија на тренинг