Суперкомпјутерот тврди: Реал и Мурињо завршија пола работа за осминафинале во ЛШ

48
фото: Real Madrid CF (X)

Спектакуларниот пресврт против Рома и победата од 4:3 дополнително ги зацврстија амбициите на Реал Мадрид во Лигата на шампионите. По двете победи во првите две кола, тимот на Жозе Мурињо доби силна поддршка и од статистичките проекции на суперкомпјутерот за завршницата на лигашката фаза.

Според анализата објавена од шпанска „Марка“, Реал Мадрид има 76,9 проценти шанси да заврши меѓу првите осум екипи и директно да се пласира во осминафиналето. Мадриѓаните имаат максимални шест бода по дуелите со Интер и Рома, што им дава одлична почетна позиција во трката за директен пласман.

Мурињо по победата во Рим истакна дека освоените шест бода претставуваат половина од патот до обезбедување на следната фаза. Португалецот, сепак, предупреди дека натпреварувањето е далеку од завршено и дека тимот мора да продолжи да собира бодови.

Суперкомпјутерските проекции не гарантираат конечен пласман, но моменталната статистика оди во прилог на Реал Мадрид.

ПретходноГаштаров со асистенција за израмнување во Лугано (ВИДЕО)
СледноКЛ: Гаштаров асистент, но Џани и Лугано славеа, ПАО подобар од Борац БЛ