Шампионот го потврди местото во Првата А лига

28

Одбојкарскиот шампион Штип УГД имаше убедлив почеток на новата сезона, откако со две максимални победи над Јанта Волеј го освои двомечот од претколото и обезбеди место во Првата А лига. Штипјани славеа на двете средби со идентични 3:0 во сетови, потврдувајќи ја фаворитската улога и обезбедувајќи пласман во најсилното домашно одбојкарско друштво.

Јанта Волеј, пак, сезоната ќе ја продолжи во Првата Б лига. Претколото за останатите парови започнува в сабота, додека реванш-натпреварите се закажани за среда, 21 октомври.

ПретходноВинисиус: Постојано ме фаулираат, а јас добивам картони!
СледноХориха доби зелено светло и ќе го облече дресот на Македонија