Денеска е одржана ждрепката за 1/8 финалето во Купот на Македонија. Секако дека најинтересно ќе биде на дуелот Вардар – Тиквеш.Ова се екипи кои го освоиле Купот во 2024 и 2025 година. Кавадарчани иако играа на гости секако дека си имаат свои амбиции.
Струга ТЛ која во изминатите неколку години двапати играше во финалете, ја доби Беласица за ривал а мечот се игра во Струга. Актуелниот бранител, тимот на Силекс ќе има тешко гостување во Битола кај Пелистер.
Во продолжение можете да ги видите сите двојки за 1/8 финалето.
Скопје – Новаци
Струга ТЛ – Беласица
Брера – Арсими
Вардар – Тиквеш
Пелистер – Силекс
Работнички – Саса
Македонија ЃП – Брегалница
Башкими – Шкендија (А)
*Се игра по еден натпревар а термините се 27/28 октомври










