Милан Илоски и дефинитивно е еден од најдобрите напаѓачи во моментов во МЛС. Имено Македонецот утринава против Чикаго и тоа како учествуваше во победата на неговата Филаделфија против тимот на Роберт Левандовски. Триумф од 3:1 од кој првиот е негово дело кога успеа да израмни на 1:1 во 49.минута кога убаво се снајде пред противничкиот гол.
Ова беше негов 18 гол сезонава со кој е на третото место на листата на стрелците зад Меси и Муса. Илоски има и две асистенции.
Секако дека штета што не можеме да го имаме во нападот на нашата репрезентација, на која очајно и треба ваков расен голгетер.










