Од безбедносни причини: Откажан е најплатениот тениски турнир!

64
ФОТО:.facebook.com/wimbledon/

Тенискиот егзибициски турнир „Six Kings Slam“, кој требаше да се одржи во октомври во Ријад, е одложен за периодот од 27 до 30 декември поради безбедносни ризици по неодамнешните напади во Саудиска Арабија, објавија организаторите.
Нападот на меѓународниот аеродром во Ријад во саботата одзеде најмалку 12 животи, а повеќе од 300 лица беа повредени. Јеменските Хути, движење поддржано од Иран, ја презедоа одговорноста за нападот.
Организаторите изјавија дека одлуката е донесена по проценка на организациските и логистичките предизвици и нивното можно влијание врз квалитетот на настанот и искуството на публиката. „Six Kings Slam“ е егзибициски турнир кој ги привлекува најдобрите тенисери во светот благодарение на рекордниот награден фонд. Во 2024 година, Алкараз призна дека финансискиот аспект влијаел на неговата одлука да учествува, бидејќи заработил 1,5 милиони долари за четири дена натпреварување.

ПретходноЧупиќ: Три меча губиме со по еден гол разлика, тоа боли
СледноИталијанските клубови во агонија: Еве како изгледа табелата во ЛШ после 2.коло!