И покрај поразот од Висла, ЕХФ го стави Воркапиќ во тимот на колото (ВИДЕО)

49

Откако заврши и четвртата рунда од актуелната Лига на Шампиони во ракомет, стандардно од страна на ЕХФ е објавен и тимот на колото.

Во него се најде и членот на РК Вардар, Вукашин Воркапиќ кој што имаше одлично издание во поразот на „црвено – црните“ кај Висла на гости од минимални 33:32.

Србинот имаше скор од осум гола, со што и покрај колективниот неуспех на Вардар во случајов, сепак, имаше индивидуално достигнување вредно влез во најдобриот тим.

ПретходноВенеција има нов тренер
СледноКК Работнички ќе плаќа казна поради плукање на судијата