Ц.Звезда со четврта победа во низа, Пао не е непобедлив!

12
ФОТО:facebook.com/kkcrvenazvezda

Вечерва се одиграа шест натпревари од 6.коло во Евролигата. Ц.Звезда си гази, по двата стартни порази, “црвено – белите“ сега се во победничка серија која трае, ли трае. Вечерва како домаќини кошаркарите на Ц.Звезда слаева против Париз со 90:81. Монеке со 23 поени беше најефикасен кај победничката екипа, додека Етиен кај гостите запиша еден повеќе.

Бешикташ беше подобар од Баерн со 95:87, додека Ефес како гостин го победи Жалгирис со 70:85.

По петте победи во низа, се покажа дека Панатинаикос не е непобедлив. Прв пораз сезона за тимот на Жељко Обрадовиќ и тоа дома, и тоа од Хапоел со 81:91. Ретко кој се надеваше на ваков исход ако се знае дека силниот Пао беше во одлична форма, ама некогаш морта и да се загуби. Од друга страна Хапоел покажа на дело дека Пао има и слаби страни.

Франциско кај домашните запиша 22 поени, а ЛеДеј кај гостите беше најефикасен со 17 поени.

Виртус беше подобар од Басконија со 86:78.

Во супер интересен меч, по едно продолжение, Олимпијакос како гостин ја победи Барселона со 100:105. Везенков со 25 поени беше најефикасен не само кај победничкиот состав, туку и на натпреварот.

ПретходноКаква човечка величина: Адеми “глумел“ повреда, само за да Петар Сучиќ има поголема минутажа!!!