КК Пелистер потпиша српски бек пред пресметката со Работнички!

50

Пелистер во продолжение на сезоната во Супер-лигата потпиша ново засилување. Станува збор за српскиот интернационален, Никола Кочовиќ, кој игра на бековската позиција, а потекнува од школата на Чачак.

„Ни претставува задоволство што во нашиот тим имаме уште еден кошаркар со одлично реноме. Нов член на КК Пелистер е српскиот интернационалец Никола Кочовиќ. Се работи за кошаркар кој има 30 години и акумулирано искуство од настапи во Србија, БиХ, Црна Гора, Полска и Романија.

197-сантиметри високиот бек доаѓа од познатата школа од Чачак, а во мак-кошарката пристигнува по сезона мината во Чачак од Србија и романска Орадеа. Кочовиќ веднаш му се стави на располагање на тренерот Тане Спасев и ќе биде во комбинација за натпреварот против Работнички в недела од 19:00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола“, се вели во известувањето на битолчани.

Пелистер во првите две кола запиша победа и пораз.

ПретходноРиера: Можеби не нè сакаат во Европа!
СледноЗборови што одекнуваат: Ниту еден тренер не го научил Јамал да игра фудбал