ФК Тиверија е пред згаснување

65

Еден од најстарите и најпознати фудбалски колективи од Струмица, а со самото тоа и од Македонија, ФК Тиверија ги доживува најтешките моменти во своето постоење.

Овој фудбалски бисер, како што јавуваат локалните медиуми од Струмица е исфрлен и од третолигашката конкуренција сезонава. Поточно, Тиверија е официјално исфрлена од Трета лига,  Регион 3, поради тоа што не одиграла два меча.

Струмичката јавност е во шок, коментарите се полни со прекор кон надлежните зошто се случило ова.

Едноставно, еден од клубовите во кои поникнале многу струмички фудбалски легенди е пред гаснење и прашање е кога и дали некогаш повторно ќе се натпреварува во некое сериозно фудбалско државно натпреварување.

ПретходноКК Работнички ќе плаќа казна поради плукање на судијата
СледноРеал Мадрид бара оставка од Тебас поради споредбата со Гебелс