Заврши подготвителниот дел од НБА-лигата. За само три дена почнува новата сезона во најсилното кошаркарско натпреварување во светот. Ноќеска Лејкерс го пречека Денвер во дуелот меѓу Лука Дончиќ и Никола Јокиќ, а на крајот победата ја однесе српскиот репрезентативец со својот тим, кој славеше со 106:121.
Помалку неочекувано, Денвер со Јокиќ на паркетот одигра 31 минута. Српскиот центар за тоа време постигна 17 поени, имаше шест скока и осум асистенции и беше вториот најефикасен играч во својот тим. Џамал Мареј постигна 21 поен, а Кристијан Браун 16.
Кај Лејкерс, Остин Ривс заврши со 19 поени, додека Дончиќ за 19 минути на теренот постигна 15 поени.
Јокиќ повторно блесна со уште еден фантастичен потег – нова асистенција зад грб!
JOKIĆ BEHIND-THE-BACK DIME 🔥
What a pass from half-court in transition! https://t.co/50f7r35sS4
— NBA (@NBA) October 17, 2026










