Митев: Одиме во Виена со мирни глави, исто како да е реми

208

Алкалоид направи голем чекор кон пласман во третото коло на Европскиот куп на ЕХФ, откако го совлада австрискиот Ферлах со убедливи 31:22. Марко Митев беше меѓу најзаслужните за победата на македонскиот тим, кој во клучните моменти покажа концентрација и зрелост. Средниот бек истакна дека натпреварот бил тежок, особено во првото полувреме, кога противникот пружил силен отпор во одбраната.

„Ова беше тежок меч посебно во првиот дел кога ривалот имаше добра одбрана. Во нападот исто така имаше доста трчање и од нивна страна. Го скршивме ние мечот пред крајот на вториот дел, беше пресудно тоа што бевме концентрирани до крајот, тогаш кога најмногу требаше, последните десет минути. Никој не загуби фокус и концентрација, тука беше клучот за убедливиот триумф. Но, ни следи уште еден натпревар следната седмица, мора исто да се подготвиме добро како што бевме денес. Сите да бидеме максимални, за да победиме таму. Одиме во Виена со мирни глави, исто како да е реми и 0-0 и се надевам дека ќе го повториме овој меч и на гостински терен“, истакна Митев.

ПретходноТомовски со седум одбрани, нов пораз на Битигхајм
Следно„Вардарки“ го надиграa шампионот за премиерен триумф