Нено со 14 поени за втора победа на Арис во грчкиот шампионат

57
фото: Aris B.C. (FB)

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ и Арис ја забележаа втората последователна победа во грчката Суперлига, откако на домашен терен го совладаа Маруси со 74:57, во натпревар од третото коло.

Димитријевиќ беше дел од почетната петорка на тимот од Солун и имаше важна улога во клучните моменти од натпреварот. Тој средбата ја заврши со 14 поени, на кои додаде и 3 скока и 4 асистенции за помалку од 18 минути поминати на теренот.

Најефикасен кај Арис беше Мет Морган со 22 поени, додека победата му донесе на тимот втора последователна радост во домашното првенство.

ПретходноОд Шкендија (А) со ново соопштение: Обвинуваат дека Омерагиќ сакал да се пресмета поради наводни навреди кон неговиот син
СледноШтипјани и третпат поразени на стартот на сезоната