Баерн да не влезе во ритам: Лајпциг замина со шест парчиња!

33
фото: FC Bayern München @FCBayern (X)

Баерн Минхен продолжи со доминантните настапи во германската Бундеслига, откако со убедливи 6:1 го декласираше Лајпциг во дербито од шестото коло. Баварците одиграа одличен натпревар, во кој ја потврдија разликата во квалитет и уште еднаш покажаа зошто се меѓу главните фаворити за шампионската титула.

Домашниот состав ја најави убедливата победа уште во првото полувреме. Луис Дијаз во 12. минута го отвори резултатот, а Александар Павловиќ во 26. минута ја удвои предноста на Баерн. Продолжи притисокот на домаќините, а во 34. минута Мајкл Олисе ја затресе мрежата на гостите за убедливи 3:0 пред паузата.

Ниту во вториот дел Баерн не го намали ритамот. Дијаз во 47. минута го постигна својот втор гол на натпреварот, а само шест минути подоцна Хари Кејн зголеми на 5:0, практично решавајќи го прашањето на победникот. Конечниот удар го зададе повторно Дијаз, кој во 69. минута го комплетираше хет-трикот за 6:0.

Единствениот гол за гостите го постигна Максимовиќ во судиското продолжение.

ПретходноИнтер со пресврт до триумф во Болоња
СледноМоќно издание на Алкалоид на првата европска пресметка!